недела, 29 ноември 2026
Најново

Три жени се тепале за еден маж во Кочани – главниот актер во љубовен триаголник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Жестока тепачка на три жени се случувала синоќа во Кочани, причината е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој, емоционално и физички бил помеѓу жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25, јавува ТВ Стар. Извесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.

Извор: ТВ СТАР

Поврзани вести