Со оглед на тоа дека во зимскиот период просториите не се проветруваат толку често како во текот на летото, во овој период влагата претставува еден од најголемите проблеми.
Влагата е опасна и по здравјето, затоа е важно да знаете како се создава и како да го решите проблемот со неа. Според мислењето на експертот Кенет Бок, тешко е да ја забележите влагата, а уште потешко да се ослободите од неа особено ако се наоѓа на места кои не ги гледате.
Тој открива кои три знаци укажуваат дека има влага во домот:
1. Необјасниви симптоми
Бок вели дека влагата може да доведе до различни симптоми како вртоглавици, зашеметеност и осип. Влагата исто така може да ги влоши респираторните проблеми како астма и алергија.
На местата со висока влажност како подруми и бањи доаѓа до создавање на мувла која може да предизвика проблеми со дишењето, солзење на очите, шмркање, кашлање па дури и напад на астма. Мувлата, освен грдите траги по ѕидовите или мебелот, создава и непријатен мирис во домот.
2. Течење на вода
Ако неодамна сте имале течење на вода во домот, тоа е трага дека можеби се создала влага. Затоа треба да проверите дали има влага каде што има вода, од подрумот па до бањата.
3. Непријатна миризба
Влагата може непријатно да мириса, иако можеби нема да забележите, зависно од тоа каде се наоѓа.
„Некои луѓе го чувствуваат мирисот на влага, но мислат дека тоа не може да влијае на нив“, вели Бок.
4. Како да се ослободите од влагата?
Пред се, ако забележите трага од влага веднаш може да ја третирате. Додека е на тврда површина може да ја исчистите со средство за отстранување влага. Во меѓувреме може да размислите за тоа да набавите прочистувач на воздух за да го подобрите вкупниот квалитет на воздухот.