Три најчести проблеми при вежбање и како да ги решите

Ако вежбате, тогаш познати ви се следните „нус појави“ на физичката активност: растечен нос, грчеви, раздвижени црева. Овие реакции не се опасни, но се непријатни. Сепак, има решение и за нив.
Поради тешкото дишење на нос за време на вежбањето, посебно ако трчате на отворено, често се случува носот непрекинато да ви тече. Тоа е сосема вообичаена појава и најдобро речение е да имате хартиени марамчиња при рака додека вежбате. Ако лачењето на слуз е неконтролирано или ви смета при вежбањето, најдобро е да се консултирате со лекар кој ќе ви направи преглед и ќе ви препорача назален спреј.

Колку и да сте добро загреани пред вежбање или трчање, се случува да се јават силни грчеви во пределот на слабините за време на тренингот. Најчеста причина за ваквите грчеви се: внесувањето храна со високо количество на растителни влакна или маснотии пред вежбање и недоволна загреаност на телото. Решение во првиот случај е внимателно да ги испланирате оброците во однос на распоредот за вежбање и да оставите време храната да се свари пред да почнете со физичка активност. Во вториот случај, решението е едноставно: направете вежби за загревање барем 3-5 минути пред да почнете со трчање, аеробик или кревање тегови.
Вежбањето го раздвижува целиот организам, а со тоа и цревата. Редовното вежбање ќе ви помогне да го регулирате дигестивниот систем ако претходно сте имале проблеми со мрзливи црева или нередовно празнење на цревата. Проблемите со цревата може да се јават и како резултат на вознемиреност, дехидрирање и нездрава храна. Кога сте физички активни избегнувајте вештачки засладувачи, кофеин и храна богата со маснотии и потрудете се да ги испразните цревата пред да почнете со физичка активност. Не заборавајте да внесувате доволно течности за време на вежбањето и потоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.