Албанскиот министер за внатрешни работи Фламур Нока и неговиот косовски колега Бајрам Реџепи во вторникот попладне во Тирана потпишаа Спогодба за отварање на три нови гранични премини меѓу Албанија и Косово.Станува збор за отварање на новите премини Шиштавец – Кучево, Орѓоц – Орѓишт и Мборје – Глобочица.Воедно двајцата министри потпишаа и Спогодба за отварање на еден заеднички центар за соработка на полициите во пограничниот појас.Тие оценија дека отварањето на новите граници премини позитивно ќе влијаат за зголемување на слободното движење на населението од руралните средини на двете страни од границата, додека пак околу отварањето на центарот за соработка на полициите е нагласено дека двете полиции имаат мошне добра соработка, која со центарот ќе добие во квалитет.
МакфаксАлбанскиот министер за внатрешни работи Фламур Нока и неговиот косовски колега Бајрам Реџепи во вторникот попладне во