На пола месец пред Нова Година, започнуваме да анализираме што сме направиле годината што изминува и што ќе правиме во годината што следи.
И токму затоа, убаво е да се направи кратка листа која ќе не мотивира и инспирира за поубава година.
Листа на најголемите достигнувања во 2022 година!
Листата на одлуки за новата година не мора секогаш да има работи кои сте ги направиле погрешно или пак цели кои не сте ги оствариле, а сте требале. Напротив, пописот кој сите ние треба да го направиме е оној на кој сме горди и кој ги содржи сите убави работи во годината која заминува.
Листа на се она што сте благодарни
Нова година е време кога размислуваме што мора да смениме во животот. Но, пред да почнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе се гордеете. Направите попис на работите кои ви се случиле во 2022 година, а на кои може да бидете благодарни и насмејте се!
Листа на работи на кои ќе се веселите во 2023 година
Запишете пет работи (мали или големи) кои едвај ги чекате во Нова година. Како на пример венчавката на пријателката (или сопствената), продолжението на филмот или серијата кое го чекаш со нетрпение, можеби дипломата, патување за годишен одмор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.