Три трудници заразени со морбили абортирале на ГАК

На Гинеколошко акушерската клиника во Скопје во последните три месеци биле примени три трудници заболени со морбили, кај кои бил извршен абортус, пренесе “Плусинфо“.
Двете пациентки се јавиле на првостепена комисија за прекин на бременост заради заболување од морбили. Третата пациентка била од Велешко и имала претходно три царски реза од кои последниот бил пред 18 месеци. Пациентката по последниот царски рез имала претходно мртов плод.
– Стануваше збор за обезна пациентка со преегзистирачка хипертензија. Таа имаше осип во прилог на морбили. По приемот на Клиника настана спонтан абортус на мртов плод, по што е направена инструментална ревизија на матката. Постапено е по сите протоколи за третман и изолација на пациентката, по совет од инфектолог и од комисијата за интрахоспитални инфекции. По стабилизација на состојбата, пациентката беше испишана од нашата Клиника и со придружба беше испратена за натамошна хоспитализација и третман на Клиниката за инфективни болести во Скопје“, соопшти ГАК, a пренесе “Плусинфо“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.