Тропски принт за најтоплите денови

Не постои принт кој повеќе би Ве асоцирал на лето, па зошто веднаш не го внесете во секојдневните “аутфити”. Дали има нешто подобро од егзотичен тропски дезен за носење за време на најтоплите денови во годината и тоа покрај море?
Ние велиме “не” и сосема сме во право! Дезените со палми, ананас, тропски прашуми се вистински синоним за лето и поради тоа не ја пропуштајте можноста оваа сезона да бидете облечени во духот на Јамајка, Малдивите и Бразил.
Сам по себе, овој принт е впечатлив, забавен, шарен, па доволно ќе биде на себе да имате барем еден ваков детаљ како маица, шорцеви, марами за коса или горен дел од костим за капење.
Ние во продолжение Ви даваме неколку идеи како оваа година да бидете главна тропска принцеза на плажа, па одберете го својот омилен детаљ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.