Доколку продолжи драстичното зголемување на цените на нафтата, од туристичкиот сектор велат дека пред новата сезона ќе бидат принудени да ги зголемат цените на аранжманите, како и на гастрономските услуги, кои се веќе високи. Тие пресметуваат зголемување од околу 20–30%, но велат дека сè ќе зависи од развојот на настаните.
Тие се свесни дека ова потоа ќе резултира со инфлација и многу други проблеми.
„Цените на нафтата сигурно ќе влијаат на суровините и материјалите што ги користат хотелите и рестораните. Не ќе можам сега да зборувам за проценти и бројки, бидејќи сè зависи од понудата и побарувачката на самиот пазар. Со намалениот број резервации, со откажувањата од некои колеги, секако не сме во позиција за некои поголеми зголемувања во овој период, иако тие се разумни и неопходни“, Ана Јанчева – менаџер на хотел во Струга.
Но, наместо да ги зголемуваат цените, гастрономите во таква ситуација треба да нудат пониски цени, за да привлечат што е можно повеќе гости и да бидат поконкурентни со регионот, вели Љубчо Јузмески, туристички водич.
„Охрид нема што друго да прави освен малку да ги намали цените. Сите сакаме да заработуваме од работата што ја работиме, но можеме да ја поделиме работата и приходите на повеќе пати, да работиме за помалку пари и потоа со пониски цени, Охрид повторно ќе биде полн и ние повторно ќе бидеме задоволни“, вели Љупчо Јузмески – туристички работник.
Туристичкиот сектор проценува дека моменталната состојба ќе биде причина туристите ова лето да избираат поблиски дестинации, до кои можат да стигнат по копнен пат. Затоа, велат дека Охрид и Струга треба да ја искористат оваа можност за да привлечат повеќе гости од Балканот, но и од други европски дестинации, кои бараат потивки места за одмор.
The post Туристичкиот сектор предупредува на зголемување на цените на хотелските и гастрономските услуги appeared first on Во Центар.



