четврток, 12 ноември 2026
Најново

Туристка тешко повредена на познатото туристичко место откако глисер ѝ ги зафатил нозете!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британска туристка се здобила со тешки телесни повреди во инцидент што се случил во саботата во акваториумот кај полуостровот Луштица, во близина на Сината пештера во Црна Гора.

Според информациите, жената пливала во една од помалите морски пештери во близина на Сината пештера кога била тешко повредена од пропелерот на глисер со регистрација 192КТ. Претходно, истиот глисер неа и уште неколку туристи ги превезол до пештерата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според првичните информации, скиперот Ж.М., забележувајќи дека морските струи и брановите го носат пловилото кон карпите, се вознемирил и нагло дал гас во момент кога туристката се наоѓала во водата, во близина на задниот дел од глисерот. Притоа, пропелерот ги зафатил нејзините нозе и ѝ нанел тешки повреди.

Повредената веднаш била извлечена од морето и качена на глисерот, по што била пренесена до марината Портонови во Кумбор. Таму ја презела екипа на Итната медицинска помош од Херцег Нови, која ја транспортирала на понатамошно лекување.

Полицијата во Херцег Нови спроведува истрага за да ги утврди сите околности на несреќата и да собере докази врз основа на кои надлежниот обвинител ќе одлучи дали против скиперот ќе биде поведена прекршочна или кривична постапка.

Во меѓувреме, глисерот што учествувал во инцидентот е привремено одземен од страна на полицијата.

Поврзани вести