четврток, 12 ноември 2026
Најново

Турција ја осуди пропагандата на ПКК на седницата на Европскиот парламент

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турското МНР истакна дека инцидентот „ја открива неспособноста и неискреноста на Европската Унија, и особено на Европскиот парламент во борбата против тероризмот“

Турција упати критики кон Европскиот парламент поради тоа што дозволи прикажување на пропагандата на терористичката организација ПКК за време на пленарна седница.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Наведувајќи дека е неприфатливо членови на терористичката организација ПКК лесно да влезат во Европскиот парламент и да протестираат како што сакаат, во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека е чудно неинтервенирањето против овие поединци.

Се додава дека инцидентот „ја открива неспособноста и неискреноста на Европската Унија, и особено на Европскиот парламент во борбата против тероризмот“.

Познато е дека поддржувачите на ПКК одржуваат протести пред Европскиот совет и институциите на Европската Унија.

ПКК, која е ставена на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, во период од над 35 години усмрти повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои жени, деца и постари лица.

Поврзани вести