1 кг јунешко месо со коска
2 главици кромид
1 модар патлиџан
¼ кг бамји
1 кг домати
500 г лупени компири
1 лажица црвен пипер
масло и сол по вкус
Во земјана тава прво ситно исечкајте го кромидот. Додадате ги модриот патлиџан исечкан на коцки и бамјите исечкани на парчиња. На крајот на покрупни коцки исечкајте ги доматите и наредете ги парчињата месо. Посолете, наросете го црвениот пипер и попрскајте со масло. Прелијте со 200 мл вода и ставете ја тавата во рерна. Повремено промешувајќи и додавајќи вода печете 2 часа.
Додадете ги коцките компири, допечете уште 40 минути и сервирајте.
Ова е само основната и на многумина омилена верзија на ова познато јадење. Според вкусот еден по еден додавајте ги омилените зеленчуци, кои барем во овој период ги има и на пазарите и во маркетите, се додека не го добиете вашиот идеален вкус.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.