Турскиот Бред Пит посвои магаре

Познатиот турски актер, Киванч Татлитуг, минатиот месец посвои магаре од фармата на фондацијата „Work Animals Rescue Foundation“ (ВАРФ).

Според ВАРФ, магаренцето со име Арзу што Татлитуг го посвои, било пронајдено и спасено во близина на својата мртва мајка во југоисточната провинција Шарлиурфа. Арзу била стара само еден ден. Од неодамна таа е донесена на фармата во Истанбул.

Фотографијата на која се гледа како актерот си игра со Арзу е снимена и споделена на социјалните мрежи од сопругата на Татлитуг, Башак Дизер, и ги стопи срцата на фановите па за кратко време доби милиони лајкови.

Татлитуг, кој има 37 години, стана славен на модните писти во 2002 година кога беше избран за најдобар модел на Турција и најдобар модел на светот.

Зачекори во филмскиот свет во 2005 година. Има глумено во седум ТВ серии и пет блокбастер филмови,

Актерот не коментираше за посвојувањето на магарето, но неговата сопруга даде изјава на социјалните мрежи, заблагодарувајќи и се на заедничката пријателка, актерката Озге Озпиринчџи кој им помогна да се поврзат со фармата WARF и Арзу.

„Благодарност до Озге што не доведе тука. Арзу непрекинато ми ја лижеше раката. Фондацијата се грижи за магариња и коњи кои имаат потреба. Да помогнеме!“, напиша Дизер.

Кај нас Киванч е актуелен како Курт Сејит во серијата „Со Русија во срцето“ која е базирана на вистинска приказна. Серијата ја раскажува приказната за љубовта помеѓу офицерот Курт Сејит, син на богат земјопоседник со турско потекло, и преубавата Шура која потекнува од семејство на руски аристократи. Нивната љубов е ставена на тест поради многуте проблемите што ги носи војната но и семејните несогласувања.

Со Киванч Татлитуг може да се дружите  на Дизи секоја вечер во 20:30 часот кога се емитува нова епизода од хит серијата „Со Русија во срцето“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.