Турскиот фудбал ќе паузира во следните десет дена и клубовите во Суперлигата и пониските професионални лиги ќе продолжат да се играт од 17 февруари објави турската фудбалска федерација (ТФФ), додека спортовите во сала засега остануваат на пауза до неодредено време, после трагедијата во Газиантеп и регионот на југоисточна Турција откако вчера рано утрото беше погоден од катастрофален земјотрес.
Преку 5.000 жртви има досега во регионот погоден од земјотресот, па во Турција во моментов на никој не му е до спорт, туку сите гледаат да помогнат во извлекување на настраданите од рушевините во градовите најсилно погодени од земјотресот.
Како што објави ТФФ, од 17 до 20 февруари продолжуваат фудбалските мечеви во прволигашката, второлигашката и третолигашката конкуренција, додека во периодот од 21 до 23 февруари ќе се одиграат мечевите кои требаше да се играат во понеделникот, но беа одложени поради катастрофата што го снајде Газиантеп и регионот.