Бројот на туристи во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 11,1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,3%, а кај странските има зголемување за 14,4%, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевања во првите шест месеци споредено со истиот период лани е зголемен за 9,9%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3%, а кај странските има зголемување за 11,8%.
Само за еден месец, во јуни, во земјава се регистрирани 119.751 туристи. Од нив 23,0% се домашни туристи, а 77,0% се странски туристи.
Туристите направиле 245.249 ноќевањата во јуни. Од нив 27,6% се од домашните туристи, а 72,4% од странските туристи.
И во јуни најголем број туристи дошле од Турција (33.757), Србија ( 7. 909 ) и од Холандија (4.340). повеќе од 3000 туристи дошле и од Германија, Грција и од Полска, а повеќе од 2.000 туристи се регистрирани од САД, Романија и од Бугарија.