Министерството за надворешни работи на Турција му ја честиташе на Косово 17-годишнината од прогласувањето на независност.
Како што напишаа на платформата „Х“, ќе продолжат да ги развиваат односите на сите полиња.
„На братскиот народ на Косово му ја честитаме 17-годишнината од независноста. Ќе продолжиме да ги подобруваме нашите односи на сите полиња. На пријателскиот народ на Косово му ја честитаме 17-годишнината од независноста. Ќе продолжиме да ги развиваме нашите односи на сите полиња“, напишаа тие.



