Приведениот за дилање на дрога, кој е вработен во Водовод Битола, на социјалните мрежи има низа фотографии во партиски штабови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како на локално, така и на централно ниво.
Како што можете да забележите на фотографијата, приведениот е заедно со актуелниот пратеник, а поранешен директор на Водовод, Пеце Милески.Фотографија секако има и со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.Веднаш до приведениот е градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а до градоначалникот е пратеничката Олга Лозаноска.Фотографија со членови на Совет на Општина Битола и локални функционери.Приведениот се шетал и по штабови на ВМРО-ДПМНЕ, а на фотографијата се гледа и поранешната пратеничка Силвана Ангелевска, инаку рекордер во патни трошоци.И веројатно на оваа фотографија го препознавате премиерот Христијан Мицкоски.
Инфомакс претходно објави за приведувањето на овој партиски активист од страна на МВР. Детали прочитајте на линкот во продолжение.