Актуелниот американски претседател Доналд Трамп му честиташе на папата Лав XIV, чие вистинско име е кардинал Роберт Франсис Превос.
-Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше назначен за папа. Голема чест е да се сфати дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема чест за нашата земја- напиша Трамп.

Тој истакна дека со нетрпение чека да се запознае со новиот папа Лав XIV, средба што, како што вели претседателот, за него ќе биде многу значаен момент.



