Уапсени гранични полицајци | Земале поткуп за да пропуштат возило без зелен картон

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А. В. и Н. С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело примање поткуп по член 357 став 1, а второпријавениот сторил кривично дело несовесно работење во службата по член 353-в став 1 и двете од Кривичниот законик.

„Имено, првопријавениот на 13.5.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач што управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, а второпријавениот го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Македонија. По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди како овластен предлагач ќе поведе постапка и за утврдување дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.