Уапсен лидерот на италијанската Ндрагета: Мафијата соработувала со Албанците во Аргентина

Тој е осомничен дека командувал со операции за трговија со дрога и оружје меѓу Латинска Америка и Европа.

Водачот на италијанската криминална организација „Ндрангета, Кармино Алфонсо Мајорано, по долгогодишно криење, е уапсен во Аргентина на периферијата на Буенос Аирес, соопшти федералната полиција на земјата.

Мајорано (68) е фатен минатата среда во општина Герника, пренесува Ројтерс.

Тој е осомничен дека командувал со операции за трговија со дрога и оружје меѓу Латинска Америка и Европа.

Интерпол ја смета Ндрангета „една од најраспространетите и најмоќните криминални организации во светот“.

Во 2015 година беше распишана меѓународна потерница за Мајорана, а Интерпол започна меѓународна операција во 2020 година за апсење на истакнати членови на Ндрангета.

Аргентинската полиција соопшти дека Ндрангета основала филијала во Аргентина пред неколку години.

Ндрангета дојде во Аргентина пред неколку години – се вели во полициското соопштение, дејствувајќи во тандем со албанските колеги во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.