Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва

Во Москва уапсен е Џумохон Курбанов, дванаесеттиот обвинет во случајот со терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус.

„Барањето на истрагата е испочитувано и против обвинетиот Курбонов одредена е превентивна мерка притвор до 22 мај“, се вели во одлуката на судијката Евгенија Николаева.

Во документ објавен на Телеграм каналот на московските судови од општа надлежност, се наведува дека напаѓачот е одговорен за комуникацијата на терористите.

„Истрагата утврди дека Курбанов учествувал во обезбедувањето средства за подготовка на терористички акт, вклучително и обезбедување на телекомуникациска опрема на членови на организираната група и нивно систематско плаќање“, се наведува во документот.

Пронајдете не на следниве мрежи: