Убавата политичарка на Путин Марија загина во гранатирањето на Доњецк

Проруската пратеничка од Доњецк Марија Пирогова (29) била убиена при гранатирањето, соопштија руските власти.

Таа е пратеник во Парламентот на Доњецк од 2018 година и ја претставува проруската страна.

Убавата политичарка на Путин Марија загина во гранатирањето на Доњецк

„Потврдуваме дека Марија Пирогова почина“, објави портпаролот на Парламентот во изјава за руската државна агенција.

Проруските сепаратисти прогласија независност на Луганск и Доњецк уште во 2014 година. На 21 февруари годинава Путин официјално ја призна независноста на овие два региона.

Три дена подоцна, во Украина започнаа судири во кои голем број луѓе беа убиени и раселени.

Руските власти и оддадоа почит на Марија, велејќи дека таа со години работела напорно за да им помогне на децата.

“Таа беше пример за добрина. Беше навистина благородна личност. На сите им помагаше. Беше полна со енергија и таленти”, изјави прорускиот лидер на регионот Донбас Денис Пушилин по повод нејзината смрт.

Марија завршила музичка академија, била во брак со воениот доброволец Александар Херескулов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.