Убавицата и заводникот чекаат бебе: Неџла го покажа трудничкото стомаче

Фахрие Евџен и Бурак Озчивит за кратко време ќе станат родители. Популарните турски актери беа фотографирани додека се упатуваа на стендап шоуто на Џем Јилмаз во Истанбул.


Убавата филмска ѕвезда, која е позната по улогата на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“, го истакна трудничкото стомаче во црн фустан, кој го надополни со кожна јакна и кратки чизмички.
Бурак глуми во повеќе серии, меѓу кои „Величествениот“ и „Карасевда“.
Фахрие и Бурак, кои се венчаа во јуни 2017 година, очекуваат синче кое ќе го добие името Каран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.