Убаво е да си жена во машкиот свет

1. Ја заклучивме 2012 година, можеби најпроблематичната и најтурбулентната година за повеќето од автомобилската индустрија на овие простори. Каква е вашата ретроспектива за изминатата година? И.М: Минатата година, беше серозно тешка година за автомобилската индустрија. Се очекуваше и се предвидуваше, но во реалноста беше неопходно цврсто да се издржи на „нозе“. А, ако правиме ретоспектива од аспект на комуницирањето со јавноста, беше тоа една значајна година на стратешки промени за брендот „Пежо“. Целосно бевме насочени кон потенцијалниот купувач, имајќи интерактивен однос и креирајќи стабилни врски.
2. Што си зацртавте на себе како императив за 2012 година? Колку од тоа е остварено, а колку се пренесува во оваа година?
И.М: Во условите во кои стопанисуваме, сериозно е тешко да се постават и доследно да се исполнат долгорочните цели. Но, од друга страна секој вложен труд неминовно резултира со плод. Во 2012-та лансиравме и успешно позициониравме два модели на македонскиот пазар. Промовирањето на „Пежо 208“ беше во мај минатата година, а декември беше резервиран за „Пежо 301“. Па така, 2013-та ја започнавме во духот на новите „208“ и „301“. Станува збор за два различни модели и во својот фокус имаат различни групи на клиенти. Понудите кои што во моментов ги имаме за овие два модели, може слободно да се каже дека се едни од најповолните на пазарот, од аспект на ниво на опрема и мотори, гаранцискиот период од 4-ри години, грижата во пост-продажниот период, но и од финансиски аспект. На потенцијалните клиенти за овие два модели, им овозможуваме тест возње и на бензински и на дизел агрегати.
3. Какви се плановите на Еуримпекс за 2013 година? Дали кризата може да претставува шанса за успех? Какви нови изненадувања не очекуваат оваа година?
И.М: Теоретски, а и практично е докажано дека секоја криза носи руинирање на оние „градби“ каде темелите не се цврсто поставени, но и можност на просперитет за оние кои ќе одберат мудри чекори во тоа торнадо. Нашиот фокус и оваа година е насочен кон задоволување на барањата на потенцијалните купувачи и максимално професионална грижа за нашите клиенти во оној пост-продажниот период. Впрочем, за нив и постоиме. Изнанадувања ќе има, воглавно фокусирани кон интерактивна комуникација, соодветни понуди, тест возења и понуди за пост-продажниот период. Наша цел е да имаме задоволни и среќни клиенти, па целото наше работење и оваа година ќе е во таа насока.
4. Повеќе не е невообичаено присуството на дамите во овој бизнис, а од друга страна не е лесно. Вашите искуства на оваа тема, што замерувате, а во што ги фалите своите колеги, соработници и надредени?
И.М: Без разлика на полето на работење и половата припадност, за кое работно место и да станува збор, штом ќе добиете и најмала шанса, секаде ќе е потребно да се докажете дека вредите и да изнајдете начин максимално да ги користите своите потенцијали. И во работењето и приватно сум човек кој точно знае што сака. Работам професија што ја сакам, се имам школувано и континуирано се надградувам во таа насока. А, штом се има јасна цел, позитивна мисла и љубов кон обврсктие, успехот е неминовен. Во Еуроимпекс, соработката со колегите ја градиме како човек со човек. Почит е зборот кој меѓу нас владее, независно на позицијата во хиерархиската поставеност во компанијата. Натпреварот е на интелектуално ниво, со максимална полова еднаквост. Тука лежи добитната комбинација. Факт е дека живееме во машки свет. Но, од мој аспект можам слободно да кажам дека е убаво да си жена во овој машки свет.
5. Кога на македонскиот пазар ќе се понудат моделите „208 XY“ и „208 GTi“?
И.М: Светската премиера на „208 XY“ и „208 GTi“ беше на саемот во Женева во февруари оваа година, а за македонскиот пазар ќе бидат достапни по порачка, штом стартува нивното производство.
6. Што можете да му понудите на македонскиот купувач во ценовниот ранг до 11.000 евра и со која опрема?
И.М: „Пежо“ има соодветна понуда за секој профил на купувач. Во моментов активни сме со две кампањи. „Пежо 301“ – 9.990 евра и Аксес ниво на опременост и „Пежо 208“, 10.490 евра со Актив ниво на опременост. 7. Вашиот коментар и видување за популарниот модел „301“, таканаречениот модел за земји во развој, модел за кој „Пежо“ амбициозно најавува дека ќе биде најпродаваниот модел на сите времиња? И.М: Длабоко сум уверена дека најавите се повеќе реални, отколку амбициозни. Automobiles Peugeot ја искористи сета своја експертиза и наменски создаде возило соодветено за земји кои се во развој, за овој тип на патишта, гориво, динамика на користење на возилата, итн. „Пежо 301“ е модел кој може да ги задоволи потребите на клиентот на највисоко ниво и од секој аспект: комфор, ниска потрошувачка, современ дизајн, голем багажен простор, итн. па се до неговото ценовно позиционирање. Со „Пежо 301“, клиентот добива највисока вредност за своите пари. Пред да биде промовиран, „Пежо 301“ беше тестиран во две рути, едната од Истанбул до Москва, а втората од Истанбул до Мароко. Македонија беше дел од интернационалниот проект „301 Road Trip“. Со овој проект, беа докажани тврдењата за издржливоста на „301“ и неговата компатибилност за пазар како нашиот. Истово беше и потврдено од страна на стручното жири на македонските автомобилски новинари, преку доделување на специјалното признание за „Адекватност на македонскиот пазар“ за „Пежо 301“.
8. Како котираат одличните масла на „Тотал“ на домашниот пазар и какви сервисни поволности им нудите на вашите клиенти?
И.М: Еуроимпекс е Генерален увозник и дистрибутер на маслата „Тотал“ од 1996 година. Нашата долгогодишна стратегија беше и се уште е насочена кон правилна препорака за користење на маслата „Тотал“. Со начинот на нашето работење, создадовме препознатлив бренд на македонскиот пазар каде маслата „Тотал“ котираат високо во рамките на продажбата. Преку советувањата на нашите клиенти, успеваме да креиравме позитивни навики, кои со тек на годините резултираат со одржување на моторот во одлична состојба, што за нас значи висок коефициент на задоволство на клиентите, но и нови купувачи. Пост-продажниот период е период во кој креираме цврсти врски со нашите клиенти. Во текот на целата година имаме кампањи во кои им понудуваме различни поволности на клиентите. Во моментов на пример, активни се две кампањи, едната се однесува за филтри, другата за ремени. Континуирано во текот на годината, нашите клиенти се во нашиот фокус, тоа е нашата формула за успех. 
9. Дали на македонскиот купувач му е поважен факторот цена, имиџ или квалитет?
И.М: Во последниве неколку години, комплетно е изменет профилот на купувачот и пристапот кој го имаат при избор на возило.
За жал, често се случува да купувачите не разговараат за перформансите и нивото на опременост кај возилото, туку разговорот го темелат на намалувањето т.е. популарно кажано попустот кој го побаруваат. Сакам да верувам дека ова ќе е минато и дека ќе се вреднуваат сите три параметри при купување возило: вредноста по која ќе се купи возилото, одржувањето т.е. пост-продажниот период и вреднста по која утре ќе може да се продаде истото.
10. Како дојдовте на идејата за моб автомобилската презентација и дали можеме во блиска иднина да очекуваме нешто слично, оригинално и интересно?
И.М: Тоа беше во пред-промотивниот период за „Пежо 208“. Имавме за цел да ја информираме јавноста дека новиот „208“ пристигна на македонскиот пазар, но сакавме да бидеме поразлични од сè дотогаш што беше видено. Идејата ми дојде сосема спонтано, ни требаше нешто динамично, нешто што ќе го одслика ведриот и современ дух на овој модел. „Пежо 208“ има динамична линија, управувач во спортски стил, задни стоп светла во форма на лавовски канџи. Ќе се согласите со мене дека сè ова ве асоцира на движење со преплет на многу емоции. Впрочем, како и нашиот потпис Motion & Emotion. За оваа цел, направивме соработка со професионални хип-хоп танчери, кои го дадоа својот максимум и со својот танц оставија белег при првото појавување на „Пежо 208“.
Оригналните настани не запираат тука, од страна на Automobiles Peugeot бевме вклучени и во интернационалниот проект “301 Road Trip“, а моментално сме во подготовка и на уште една сосема нова и интерактивна комуникација со јавноста за што ќе дознаете подоцна.
Интервјуто е преземено од visokioktani.mk1. Ја заклучивме 2012 година, можеби најпроблематичната и најтурбулентната година за повеќето од автомобилскат

Пронајдете не на следниве мрежи: