Убиен командантот на воздушните сили на Хезболах: Мухамад Сароур предводеше бројни напади врз Израел (ВИДЕО)

Сароур ги насочувал и командувал со нападите, вклучително и оние извршени со беспилотни летала со експлозиви и крстаречки проектили.Командантот на воздухопловните сили на Хезболах, Мухамед Хусеин Сароур е убиен во израелски воздушен напад во либанскиот главен град Бејрут, потврдија денес израелските вооружени сили (ИД).Според соопштението на израелската армија, Сароур раководел и командувал со бројни воздушни напади против Израел, вклучувајќи ги и оние извршени со беспилотни летала со експлозиви и крстаречки ракети, пишува Тајмс оф Израел.Според ИД, во последниве години тој го водел производството на беспилотни летала на Хезболах и воспоставил локации во Либан каде терористичката група произведувала експлозивни дронови, од кои некои биле лоцирани во цивилни згради во Бејрут.The IDF has officially confirmed the liquidation of Hezbollah air force commander Mohammad Hasin Sarour in Beirut. pic.twitter.com/bIYEa8LvRP— Olia (@OliaOnX) September 26, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: