Убиец се пријавил в полиција, но го вратиле оти станицата била затворена

Осомничен за убиство и баран од полицијата, сакал да се предаде, но од полициската станица во Малме, му рекле дека станицата е затворена, и дека тој треба да оди во друга полициска станица.Насилникот, 45-годишен сопственик на такси компанија, е осомничен за убиство на лидер на банда во Малме, а кога во понеделникот се обидел да се пријави во полиција по неколкумесечно бегство, од таму му рекле дека е затворено.Тој е во бегство откако по него била издадена потерница, неколку дена по убиството во ноември 2011 година. Убиен е 31-годишен лидер на банда (Brödraskapet Wolfpack gang), во такси депо во индустрискиот дел на Малме, а 45-годишниот сопственик на такси бизнис, веднаш бил осомничен.Но, кога конечно, по 15 месеци бегство се решил да се предаде на полицијата, бил запрепастен од одговорот што го примил, пишува  шведскиот весник Sydsvenskan.Тој заѕвонил на вратата од полициската станица нешто по 18 часот, но бил информиран дека полициската станица е затворена.„Затворена? Јас сум осомничен за убиство и баран со потерница – вие момци навистина не сакате да ме фатите“, рекол тој на интерфонот.Сепак, место вратата од полициската станица да биде отворена, му било сугерирано да појде во друга полициска станица, каде отишол и бил уапсен.Шведскиот експерт по криминална правда, Евен-Ерик Алхем, бил шокиран од начинот на кој полицијата во Малме се однесувала кон човекот што сакал да се предаде.„Се чини чудно и бизарно што му било кажано да си замине кога тој е осомничен за убиство. Мора да бил многу збунет“, вели Алхем за  весникот Expressen.Тој додава дека, во најмала рака треба долу да биде испратен полицаец, кога веќе осомничениот го препраќале во друга станица.И неговиот адвокат е зачуден од постапката на полицијата, но вели дека тој се изјаснил дека не е виновен и дека нема ништо со смртта на гангстерот,„Немаше да бидам идиот и да се вратам, ако не беше така“, вели тој.За четврток е закажано неговото сослушување.Кога ги прашале полицајците зошто го вратиле човекот од врата, командирот на таа станица во Малме рекол дека во моментот станицата се реновира и дека малку е хаос.
МакфаксОсомничен за убиство и баран од полицијата, сакал да се предаде, но од полициската станица во Малме, му рекле де

Пронајдете не на следниве мрежи: