четврток, 12 ноември 2026
Најново

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во инцидентот кој се случи во Чаир, осум лица се осомничени поради убиство и обид за убиство. Инцидентот се случил ноќта помеѓу 10 и 11 февруари, кога на паркинг на улицата Втора Македонска Бригада дошло до расправија поради‍ сообраќајно недоразбирање близу поликлиниката во Чаир.

Обвинителството информира дека првоосомничениот 28-годишник, вооружен со пиштол, го убил Хебиб Буњаку и го ставил во опасност животот на друго лице. Пет други осомничени учествувале во престрелката како соизвршители, додека двајца од осомничените ги сокриле пиштолите по инцидентот за да им помогнат на осомничените да не бидат откриени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Предложени се мерки притвор за двајца осомничени за убиство и обид за убиство, како и куќен притвор за уште еден осомничен. За двајцата што помагале исто така е побаран притвор. Полицијата продолжува да трага по три лица кои се уште ‍се во бегство.

Поврзани вести