Вицепремирот Иван Стоилковиќ со навреди и закани кон секретарот на СДСМ, Мартин Костовски, бараме итно разрешување.
СДСМ најостро ги осудува шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски на Фејсбук.
Пораката кон Мартин Костовски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер.
Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претствниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши.
Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса?
Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.