УЖАСНИ ВЕСТИ ОД СРБИЈА: Симаниќ остана без бубрег при настапот на Мундобаскет

Српските кошаркари обезбедија пласман во четвртфиналето од Мундобаскет, но вечерва од Филипините стигнува лоша вест – дека Бориша Симаниќ останал без бубрег по тешката повреда заработена на мечот со Јужен Судан.

Симаниќ настрада при еден дуел со екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Нуни Омот (кој подоцна јавно му се извини), па мораше итно да биде опериран пред неколку дена. Првичните информации велеа дека состојбата по хируршкиот зафат му е стабилна и дека се враќаат основните функции на бубрегот, но ситуацијата во меѓувреме се искомпликувала.
Како што вечерва објавуваат бројни српски медиуми, на Симаниќ во текот на денешниот ден морал да му биде отстранет повредениот бубрег, информација што во изјава за Спортклуб ја потврди и екс-тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ.

„Не знам колку знаете, дека Бориша Симаниќ останал без бубрег… Тоа е тешка вест, бидејќи јас исто така имам сериозни проблеми со бубрезите. Знам дека и со еден бубрег може нормално да се живее, но воопшто не е лесно. Она што му се случи на Симаниќ не погоди сите што сме дел од српската кошарка, искрено верувам дека тој ќе продолжи со нормално живеење, да се занимава со спорт. Јас лично му посакувам се најдобро“, изјави Вујошевиќ за „Спорт клуб“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.