четврток, 12 ноември 2026
Најново

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја интерцепцијата и задржувањето на цивилите од бродот „Мадлин“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа Министерството за надворешни работи (МНР) да ја поддржи меѓународна интервенција во случајот со Мадлин – цивилен хуманитарен брод под знаме на Обединетото Кралство, кој сношти беше нападнат во меѓународни води од страна на израелските сили, додека беше на пат кон Газа, носејќи итна хуманитарна помош – вклучувајќи протези за деца, храна и филтри за вода.

– На бродот има 12 цивили, европски државјани ангажирани во хуманитарна мисија, и нема никаква комуникација со нив од моментот на нивното приведување и насилно задржување од страна на израелските сили. Меѓу приведените се и државјани на земји со кои Македонија има блиски дипломатски односи: Франција, Шведска, Германија, Турција, Шпанија, Холандија, како и членка на Европскиот парламент. Ова претставува сериозно прекршување на меѓународното право, вклучувајќи ги и повелбите на Конвенцијата на Обединетите Нации за правото на морето (UNCLOS) и меѓународното хуманитарно право. Употребата на сила и приведувањето на цивили во мирна хуманитарна мисија, во меѓународни води, е незасновано и незаконско – велат студентите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тие го повикаа МНР да ја осуди интерцепцијата и задржувањето на цивилите од бродот Мадлин, да испрати официјална дипломатска нота до Израел со барање за итно ослободување и безбеден повраток на приведените и да ја спроведе заложбата на Македонија за почитување на меѓународното право, заштита на хуманитарните работници и превенција од геноцид.

Поврзани вести