Укината му е суспензијата на Карабатиќ

Најдобриот француски ракометар и еден од најдобрите во историјата на овиј спорт, Никола Карабатиќ може да се врати на паркетот, откако Дисциплинската комисија на францискста ракометна лига му ја укина суспензијата поради учеството во нелегално обложување.

Покрај на Карабатиќ, суспензијата е укината и за Драган Гајиќ и на Ибрахин Теџ, додека останатите петмина кои се дел од аферата, меѓу кои е и братот на Карабатиќ, и натаму се суспендирани. Потсетуваме дека седуммина играчи на Монпеље, меѓу кои и Никола Карабатиќ, се осомничени за нелегално обложување на натпреварот од последното коло во минатото првенство, кога Монпеље загуби од Сесон-Рен со 28:31. Никола Крабатиќ пред неколку денови потпиша петмесечен договор со последнопласираниот тим во лигата Реј д’акс.
Макфакс
Најдобриот француски ракометар и еден од најдобрите во историјата на овиј спорт, Никола Караба

Пронајдете не на следниве мрежи: