Украина тврди дека соборила 14 руски дронови над Одеската Област

– Украина денес соопшти дека соборила 14 од 16 дронови на Русија над југозападната Одеска Област во земјата.Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала и пет наведувани противавионски ракети С-300 кон источните региони на земјата, Харков и Доњецк, како и две наведувани ракети Кх-59 кон северниот регион Чернихив.Во соопштението не се наведува исходот од овие напади.Соборувањето на дроновите доаѓа откако во петокот во ракетен напад врз градот Одеса загинаа најмалку 21 лице, а над 70 беа повредени.За време на синоќешното обраќање, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека „дефинитивно ќе има воен одговор“ од Украина.„Овие недели на многумина им покажавме дека руската воена машинерија има ранливости до кои можеме да дојдеме со нашето оружје“, додаде тој.Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека биле изведени напади врз „подрачјата на привремено распоредување на националистичките формации Лут и Цунами“ во близина на Одеса.

Пронајдете не на следниве мрежи: