четврток, 12 ноември 2026
Најново

Украина ја нападна Москва со дронови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украински напад со дронови во текот на ноќта доведе до затворање на два главни аеродрома во Москва, соопштија руските власти.

Руската агенција за цивилна авијација Росавијација објави на Телеграм дека поради безбедносни причини се запрени полетувањата и слетувањата на аеродромите Внуково и Домодедово.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, информира дека руската противвоздушна одбрана уништила девет украински дронови насочени кон главниот град околу 4 часот утрово.

Итните служби биле испратени на местата каде паднале остатоци од соборените летала.

Еден дрон предизвикал краткотраен пожар во хемиската фабрика „Азот“ во Тулската област, при што се повредени најмалку две лица.

Седум други украински дронови биле соборени над Калушка област, соопштија локалните власти.

Поврзани вести