четврток, 12 ноември 2026
Најново

Украина ја обвини Кина дека снабдува руски фабрики: „Руските резерви на злато се топат“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Олег Ивашченко, во интервју објавено во понеделник за „Укринформ“ изјави дека Киев потврдил дека Кина била во контакт со 20 руски фабрики.„Постојат информации дека Кина испорачува машини, специјални хемикалии, барут и компоненти, особено на воени претпријатија… До почетокот на 2025 година, 80% од критичната електроника за руските беспилотни летала ќе биде од кинеско потекло“, коментираше тој.Резервите на злато се топатЗборувајќи за способноста на Русија да ја продолжи војната, Иваншченко истакна дека парите на земјата „се топат“. Тој изјавил дека Русија имала 2.300 тони злато пред инвазијата на Украина, а таа бројка сега се намалила на 1.700 тони , пренесува Teletrader.„Имаше и 164 милијарди кинески јуани. И овие резерви постепено се намалуваат. Вкупно, вишокот на руските воени трошоци достигна 5 милијарди долари во последните три месеци. За нивната економија, ова е доста значајно“, рече тој.

Поврзани вести