ЗЕЛЕНСКИ: УКРАИНА доживува „сериозна“ енергетска криза

Руските напади врз електричната инфраструктура продолжуваат, како и прекините на струја во регионите Киев, Одеса и Лавов, изјави Володимир Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна во неделата дека ситуацијата е „сериозна“ во врска со тековните прекини на електрична енергија во земјата поради штетите предизвикани од руските напади врз критичната енергетска инфраструктура.

Зеленски и се обрати на јавноста во дневна видео порака споделена на Телеграм, истакнувајќи дека прекините на електричната енергија продолжуваат низ целата земја разурната од војна.

Тој рече дека Киев, Одеса, Лавов и другите региони се особено погодени од прекините.

Зеленскиј, пак, рече дека имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека двајцата лидери разговарале за проширувањето на Црноморскиот коридор за жито и за глобалните случувања од големо значење за Турција и Украина.

Зеленски рече дека телефонски разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон и истакна дека ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден во наредните часови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.