Украинскиот претседател Виктор Јанукович ги помилува двајцата блиски соработници на осудената поранешна премиерка Јулија Тимошенко, поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко и поранешниот министер за екологија Хеорхиј Филипчук, пренесе РИА Новости цитирајќи го соопштението објавено на интернет страницата на украинскиот претседател.„Претседателот Виктор Јануковуч го потпиша указ за претседателското помолување на шестмина осуденици, меѓи кои се поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко и министерот за екологија Хоерхиј Филипчук“, се наведува во цитираното соопштение од кабинетот на украинскиот претседател.Двајцата поранешни министри беа осудени за злоупотреба на службената положба и овластувањата во времето на премиерскиот мандата наЈулија Тимошенко. Луценко одлежуваше четиригодишна затворска казна, а минатата седмица му беше одбиена жалбата од судот во Киев, а требаше да ја издржува казната до крајот на 2014 година . Филипчук, пак, беше осуден за истото дел на три години затвор.Според Reuters, помилувањата се дадени со цел да се ублажат критиките од Европската унија којашто смета дека пресудите против поранешната премиерка Јулиај Тимошенко која е осудена на седум години затвор поради штетните договори за увоз на гас од Русија, и за нејзините соработници се политички мотивирани.Филипчук беше осуден на три години затвор поради злоупотреба на овластувањата при склучување договори со адвокатската компанија „Astapov Lawyers“ за време на спорот меѓу украинското министерство за екологија и меѓународниот правен институт зо раскинувањето на договорот меѓу украинската влада и Vanco International ltd. За искористување на ресурсите за наоѓање гас во Црното Море. Според пресудата, Филипчук склучил договори штетни за државата.Според украинското претседателство, одлуката за помилување е донесена врз основ ана здравствената состојба на двајцата осуденици, на барање на народниот правобранител и други фактори, а се нагласува дека тие веднаш ќе бидат пуштени на слобода.
МакфаксУкраинскиот претседател Виктор Јанукович ги помилува двајцата блиски соработници на осудената поранешна премиерка Јули



