Украинската армија завчера за прв пат објави дека во еднонеделна офанзива освоила дури 1.000 квадратни километри руска територија. Рускиот гувернер на Курск, пак, во разговор со претседателот Владимир Путин, кој не го криел своето незадоволство, признал дека изгубиле 28 населени места во областа Курск и дека речиси 200.000 Руси ги напуштиле своите домови.
Би-би-си разговараше со некои од војниците кои учествуваа во офанзивата. Томаш штотуку се врати од мисија со другарот „Акорд“, кој ноншалантно рече дека се е „кул“.
Два дена нивната единица за беспилотни летала го отвори патот за прекуграничен упад на руска територија.
„Добивме наредба да дојдеме овде, но не знаевме што значи тоа. Однапред договоривме комуникација и надзор на непријателот за да го расчистиме патот“, рече Томаш.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за таргетирање области од кои Русија може да изврши напади врз Украина, точната цел на оваа офанзива сè уште е нејасна. Како и да е, јасно е дека Киев распоредува некои од своите најдобри трупи.
Војникот, кој се уште е во Русија, преку апликацијата за пораки Телеграм за Би-Би-Си изјави дека се подготвувале за мисијата со месеци. „Елементот на изненадување функционираше. Лесно влеговме во Русија, немаше голем отпор. Во текот на ноќта на 6 август првите групи ја преминаа границата и се упатија во неколку правци. Речиси веднаш стигнаа до западната периферија на градот Суџа“, рече тој.
Десетици илјади цивили беа евакуирани од двете страни на границата поради засилените напади и жестоките борби. „Руските цивили што ги среќаваме не пружаат отпор. Ние не ги допираме, а тие имаат негативен став кон нас или воопшто немаат. Тие ни даваат и лажни информации за позициите на руските трупи“, додава тој.
Војниците со кои разговараше Би-би-си потврдија дека Русите ги прераспоредиле своите сили од источниот фронт. Путин вети „силен одговор“ на првото заземање на руска територија по Втората светска војна.