четврток, 12 ноември 2026
Најново

УКРАИНА: Де факто сме членка на НАТО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.

„Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (со закон). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме“, посочи Резников во изјава за Би-Би-Си.Тој посочува дека тоа е факт и смета дека неговото тврдење нема да биде сфатено како спорно.

Резников доадде дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО“, додаде Резников.

Зборувајќи за ситуацијата во Соледар, за која руските сили тврдат дека ја контролираат, Резников рече дека е „многу тешка“, но „под контрола“.

Поврзани вести