Политичарите ширум светот почнаа да реагираат на кавгата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп ги прекина разговорите со својот украински колега откако тој и потпретседателот Џеј-Ди Венс го прекоруваа Зеленски во Овалната соба.
На социјалните мрежи се огласи Анджеј Дуда, претседателот на Полска.
– Пред неколку минути ми се јави претседателот Зеленски. Имавме искрен разговор по неодамнешните средби со генералот Келог и други случувања. Му кажав дека ние постојано веруваме дека нема друг начин да се запре крвопролевањето и да се постигне траен мир во Украина, освен со поддршката на Соединетите Држави. Поради оваа причина, му предложив на претседателот Зеленски да остане посветен на курсот на мирна и конструктивна соработка со Трамп. Верувам дека добрата волја и искреноста ја формираат основата на преговарачката стратегија на САД. Не се сомневам дека претседателот Трамп се води од длабокото чувство на одговорност за глобалната стабилност и мир. – напиша Дуда.
Полскиот премиер Доналд Туск напиша:
„Драг Зеленски, драг украински народе, не сте сами.“.
Поддршка даде и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
– Вашето достоинство ја почитува храброста на украинскиот народ.
Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни.
Никогаш не си сам, драг претседателе Зеленски.
Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир. – напиша Фон дер Лајен.
Поддршка даде и хрватскиот премиер Пленковиќ:
– Хрватска од сопственото искуство знае дека само праведен мир може да трае. Хрватската влада стои цврсто во своето верување дека на Украина и треба таков мир – мир што значи суверенитет, територијален интегритет и безбедна Европа, стои во објавата на Пленковиќ.
Поддршка стигна и од идниот германски канцелар Мерц:
Во продолжение и поддршката од останати европски држави:



