Улицата “Војдан Чернодрински” во Чаир преименувана во “Оџа Атаулах Куртиши”

Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир е преименуванА во „Оџа Атаулах Куртиши“ по иницијатива на општината на чело со градоначалникот, Висар Ганиу.

-Трагите на Оџа Атаула Куртиши заслужуваат да останат неизбришливи и наследени од генерација на генерација. Бидејќи овој човек многу придонесе за секој од нас, тој придонесе за нашата национална кауза, спречувајќи ги Албанците од овие земји да ги напуштат своите домови и да заминат во странство за време на југословенското кралство, да шират знаење и да го шират патриотизмот.

Оние кои поминуваа низ улицата „Војдан Чернодрински“ отсега ќе минуваат низ улицата „Оџа Атаулах Куртиши“, која се наоѓа многу блиску до негивото семејно огниште , објави Ганиу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.