четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ултрасите на ПСЖ нема да го исвиркуваат Мбапе иако тој си заминува од клубот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најжестоките навивачи на Пари Сен Жермен, нема да го исвиркуваат Килијан Мбапе. Се очекува 25-годишниот фудбалер да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на крајот од сезоната. ПСЖ и Мбапе заеднички ќе го објават заминувањето веднаш штом напаѓачот потпише договор со Мадрид. Застапниците на Килијан успеа да воспостави односи со влијателни лидери на париската навивачка група, па нивниот однос кон напаѓачот е прилично мек.„Collectif Ultra Paris“ (CUP) побара да не се исвиркува Мбапе и да не се реагира на било кој начин на информациите за можно заминување на играчот, барем до официјалното соопштение.Покрај тоа, навивачите можат да организираат свеченост во чест на напаѓачот на крајот на сезоната.Мбапе постигна 244 гола за ПСЖ – тој е најдобар стрелец во историјата на клубот. 

Поврзани вести