УМРЕЛЕ ИНСТАНТ: Како изгледало УНИШТУВАЊЕТО на подморницата „Титан“ три километри под вода?

Патниците во подморницата „Титан“ починале наеднаш во една милисекунда, открива докторот Дејл Мол, директор за подводна медицина на американската морнарица. Според него ова значи дека смртта веројатно им била брза и безболна.

– Тоа би било толку ненадејно, тие дури и не би знаеле дека има проблем или што им се случило. Тоа е како да сте тука една минута, а потоа прекинувачот е исклучен. Вие сте живи една милисекунда и сте мртви следниот – вели тој за британски Дејли Мејл.

На Твитер почнаа да се споделуваат видеа од тоа како би изгледала оваа разорна имплозија. Според едно од нив, сè траело само 30 милисекунди.

На повеќе од три километри длабочина каде што се претпоставува дека бил бродот, притисокот е околу 387 килограми по квадратен сентиметар, што е околу 380 бари. Луѓето би биле искинати на парчиња бидејќи притисокот доаѓал од внатре, а не од надвор. Тоа е разликата меѓу имплозија и експлозија.

– Трупот е комора во која живеат луѓето. Звучи како да стигнале до дното кога комората за притисок имплодирала и обично кога попушта, тоа е ненадејно. Звучи како цилиндарот од јаглеродни влакна да попуштил и пукнал – додава Мол и ја споредува имплозијата со балон кој пука кога е пренадуван.

Како била пробиена комората за притисок останува нејасно. Но, таквата имплозија може да биде резултат на истекување, прекин на струја или мал пожар од електричен краток спој.

Меѓу анимациите кои се појавија на интернет во врска со „Титан“ е и онаа која покажува колку длабоко всушност потонала подморницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.