Уникатната монета од пет центи продадена во САД за 3,1 млн долари

Една од најретките монети во САД, во апоен од пет американски центи попозната како Liberty Head воведен во оптек во 1913 година, е продадена на аукција за 3,1 милиона американски долари, објави во петокот агенцијата UPI.Оваа монета е особено ценета кај нумизматичарите колекционери, бидејќи досега е познато дека постојат само пет примероци. Паричките од пет центи биле исковани нелегално во 1913 година во американската државна ковачница, но набргу откако биле пуштени во оптек официјално е прекинато нивното ковање.Продадената на оваа аукција монета Liberty Head има необична историја. Колекционерот Џорџ Волтон од сојузната држава Северна Каролина ја купил во 1941 година за 3.700 долари. Во 1962 година тој загинал во авионска несреќа, а заедно со него во остатоците од авионот била пронајдена и скапоцената паричка, која заедно со неговите работи била предадена на неговото семејство.Наследниците на Волтон не придавале особено значење на неговата колекција од монети и паричката повеќе до 40 години „собирала прашина“ во шкаф со стара облека, се` додека новите сопственици не дознале за тоа дека Американското нумизматичко здружение (American Numismatic Association ) трага по ретки монети за кои нуди милиони долари.Меѓутоа, сегашните сопственици не се брзале да се разделат од неа. Така, бараната Liberty Head беше продадена на надавање во четврток организирано од аукциската куќа Heritage Auctions во Чикаго во партнерска сопственост на двајца нумизматичари Џеф Гарет и Лери Ли.Двајцата нови сопственици велат дека направиле добра зделка. „Таа е најдобрата монета којашто може да се купи во таков размер на цената“, вели Гарет.
МакфаксЕдна од најретките монети во САД, во апоен од пет американски центи попозната како Liberty Head воведен во оптек во 19

Пронајдете не на следниве мрежи: