Урнатата зграда во Истанбул зеде 21 жртва

Бројот на жртвите од уривањето на седумкатницата во истанбулската населба Картал што се случи во средата од сѐ уште непознати причини се зголеми на 21 лице, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата “Анадолија“. Во изјавата за новинарите што ја даде на местото на несреќата, Сојлу истакна дека се смета оти под урнатините се наоѓале вкупно 35 лица, и дека сите се извлечени. Тој исто така нагласи дека оние кои се одговорни за оваа несреќа ќе одговараат пред законот.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа вчера информираше дека 13 повредени се наоѓаат во болница, од кои две лица се во сериозна состојба, јави “Анадолија“.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој го посети местото изрази сочувство за жртвите, додавајќи дека има лекции што треба да се научат.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.