Урнебесни изуми за студени денови, еден со загреано столче, друг со ќумбе на грб (ВИДЕО)

Во овие студени денови најтешко им е на уличните продавачи и тие се трудат на различни начини да го загреат своето „работно место“.

Еден продавач на стари делови во Лесковац, се снашол така што под столчето ставил жар и поминува со часови на минусни температури.
„Сите се снаоѓаме како знаеме и умееме, да заработиме некој динар. Ме прашуваат колку е мобилен телефон, бургија, а јас ако се тресам нема да можам да се ценкам“ – вели продавачот.
Раскажува дека студот не му е проблем, туку полицијата која ги брка.
Но, тој не е единствен со ваков изум. Пред година дена еден риболовец од Лесковац стана познат по тоа што се грее со ќумбе на грбот.

Риболовецот стана познат на социјалните мрежи и вели дека не е лошо некогаш луѓето да се пошегуваат и насмеат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.