Успешен мотокрос викенд, Ристевски победи во Србија

Македонските натпреварувачи, претставници на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) имаа одлични настапи на меѓународните мотокрос натпревари кои се одржаа на викендов во Србија, односно Грција.

На третиот натпревар од отворениот шампионат на Србија во мотокрос кој се одржа на патеката Горњи Брестовац крај Лесковац настапија браќата Ристевски. Помладиот Лука го повтори успехот од минатата недела и повторно убедливо победи во класата МХ65. Постариот Андријан исто така освои место на подиумот, завршувајќи ги двете возења како втор зад победникот Виктор Ивановиќ од Црна Гора.Двајца македонски преставници учествуваа на натпревар од отворениот шампионат на Грција во мотокрос на патеката крај Кожани. 12-годишниот Христиjан Станковиќ настапи во класата МХ85 и после две неизвесни возења заврши на третото место зад домашните натпреварувачи Димитрис Турацидис и Агелос Вогиацис. Во најсилната класа МХ1 искусниот Гоце Томовски заврши како трет зад Турацидис и Баксеванис.
Македонските натпреварувачи, претставници на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) им

Пронајдете не на следниве мрежи: