„Таткото на американската нација“ Бенџамин Френклин прв го применил ова правило Фокусот на овој концепт е еден час учење во текот на денот.Покрај тоа, Френклин често размислувал и експериментирал за да постигне личен напредок. Во 1758 година, Френклин изјавил дека најмногу се исплати да се инвестира во знаење .Откако се разбудил наутро, читал и правел саморефлексија, а подоцна во текот на денот се обидувал идеите да ги претвори во дело. Се претпоставува дека овој начин на живот го направил успешен.Основачот на консултантската компанија „Импакт“, Мишел Симонс, инспириран од Френклин, го разви „правилото за пет часа“ Зборувајќи за важноста на учењето, Симонс рече дека ако не учите најмалку пет часа неделно, тогаш себеси си нанесувате многу штета, дури и поголема од пушењето.
Со оглед на важноста на знаењето, не е чудно што многу бизнисмени го усвоија ова правило. Еден од нив е мултимилијардерот Бил Гејтс, кој чита повеќе од 50 книги годишно.Друг мултимилијардер, Ворен Бафет чита шест часа на ден, додека повеќето возрасни Американци читаат во просек по 20 минути дневно.Можноста за наоѓање работа се повеќе ќе зависи од посветеноста на учењето , бидејќи постојано се појавуваат нови работи и потребно е постојано да се подобрувате.Како да се примени „правилото 5 часа“?Примената на ова правило подразбира дека еден час дневно или пет часа неделно е за учење или стекнување вештини , читање еден час дневно, запишување на она што се смета за важно секој ден и примена на идеи за да се разбере кои од нив се добри, а кои не се добри.