„Државничките, ефикасни и одржливи политики на СДСМ значат подобра сегашност и иднина“, порача лидерот на СДСМ на партиската трибина вечерва во Скопје.
„Успешно се справуваме со енергетската криза! Нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа! Сериозно го одржавме, и најважно од сѐ, го зголемивме домашното производство на електрична енергија. Нашите граѓани во континуитет добиваат најниска цена за нафтените деривати“, рече Ковачевски.
Особено е горд, рече, што конечно, по децении стоење во место, не само што ја започнале, туку интензивно, секојдневно и динамично ја остваруваат енергетската трансформација на државата, или како што тој рече дека може да се нарече – „енергетска револуција“.
„Во историјата на нашата татковина се нема случено да во 10 кратки месеци имаме инсталиран капацитет од 141 мегавати, и тоа 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати ветер, 4 мегавати мали хидроелектрани и 2 мегавати биогас“, рече Ковачевски, додавајќи дека до крајот на мандатот ќе има речиси 300 мегавати инсталиран електричен капацитет.
„До крајот на овој мандат, ние ќе имаме речиси 300 мегавати инсталиран капацитет, практично половина од годишното производство на РЕК Битола, или пак ако веќе споредуваме, тоа е неколку пати поголем инсталиран капацитет од сите досегашни инвестиции изминативе три децении. Е тоа е успех, така се сака својата држава!“, рече лидерот на СДСМ на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.
Тој се пофали и со зголемувањето на просечната плата и пензиите:
„Во услови на глобална и тотална криза, како вистински социјалдемократи, како чесни и вистински патриоти за својот народ, ние успеавме рекордно да ја зголемиме минималната плата! Денеска можеме гордо да констатираме дека го исполнивме и го надминавме нашето изборно ветување за висината на просечната плата. Рекордно, двапати оваа година, ги зголемивме пензиите на сите пензионери и дополнително финансиски ги помогнавме во нивните енергетски и животни потреби. Во една календарска година, вкупното зголемување на пензиите ќе биде 16%, што досега се нема случено. И тоа во година која не е изборна. Инвестициите во домашната економија од реномираните странски компании се зголемија, и за само 10 месеци се отворија нови, подобро платени, над 2.000 работни места“, рече Ковачевски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.