Уставен суд го стопираше рушењето на плажите. Ова е сосема спротивно од барања на Унеско за заштита на градот

Уставен суд го стопираше рушењето на плажите. Ова е сосема спротивно од барања на Унеско за заштита на градот

Општината вели пак дека има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето. Ова го изјави денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид.

За плажите кои се предмет на уривање од страна на локалната власт нивните закупци не плаќаат со години. Таму се поставуваат чадори, лежалки, се градат шанкови, па дури и цели кафулиња. Концесиите на закупците одамна им се истечени, па сите тие работат на диво.

Минатата недела во посета на Охрид беше и Жбогар за да даде поддршка на општината и рушењето на дивите плажи. Тогаш тој рече дека Охрид треба да биде заштитен за сите наредни генерации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.