Утре без струја ќе останат неколку скопски населби и селото Кучково

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во неколку скопски населби и селото Кучково.
„ЕВН Македонија” АД информира дека во периодот од 10:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците “Радоја Дакиќ“ и “Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од село Кучково, од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Сарај на излезот кон село Глумово, дел од село Глумово и рестораните “Кораби“ и “Гајер“. Без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците “Иван Манолев“ и “Рокомија“ во Бутел. /МИА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.