Утре во Скопје посебен режим на сообраќајот

Утре во Скопје со почеток од 08:00 часот до 20:00 часот, во организација на „АМП ТИМ“ ДООЕЛ од Скопје, ќе се одржи најавената манифестација – „Авто Плус Стрит Шоу“, а на делот од булеварот “Илинден“ од крстосница со улицата “Аминта 3-ти“ до крстосница со пристапна улица за влез во објектот на Град Скопје.
Одделението за безбедност  на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот долж наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Од тие причини МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.